Функционер на СЗО: Глобалното искоренување на коронавирусот не е разумна цел

Глобалното искоренување на коронавирусот во моментов не е разумна цел, изјави во неделата Дејвид Набаро специјалниот пратеник на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за Covid-19.

„Човештво ќе мора да се научи на соживот со овој вирус, спречувајќи го нагло да избувне и да предизвика жаришта на болеста. Искоренувањето моментално не е разинма цел за светот“, изјави лекарот Дејвид Набаро за британскиот телевизиски канал Sky News.

Додава дека во моментов се проучуваат извештаите за ткн непалскиот сој на коронавирусот, за кој постојат стравувања дека е поопасен за здравјето и поотпорен на вакцините.

„Секогаш кога наеднаш ќе избувне, во нечиј ум ја поттикнува помислата дека би можело да се појави нов сој. Тоа не би било изненадувачки“, додава Набаро.

Вели и деа тоа ќе претставува „образац во иднината“ и додадва дека „вирусот нема наскоро да исчезне, туку ќе се појавуваат варијанти“.

Многу медиумски стручни коментатори предупредуваат на нееднаквиот пристап до вакцините во богатите и во сиромашните земји, што ја влошува и ја продолжува пандемијата, којашто досега однесе повеќе од 3,5 милиони животи во светот.

Челниците на Светската здравствена организација, Светската трговска организација, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка неодамна ги повикаа светските лидери да ја преземат „новата обврска“ и да се заземат за поправедна распредлба на вакцините против Covid-19 на планетата, за да се успее во напорите да се сузбие пандемијата.