Функционери на СДСМ на чело со Заеви предложени за свдоци во случајот „Меѓународен сојуз“

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, неговата сопруга Зорица, неговиот брат Вице и неговиот татко Трајче, се предложени за сведоци на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, од страна на бранителот на обвинетите Бојан Јовановски, Христина Блажевска и Миле Јовановски, објави Плусинфо. Заеви треба да сведочат за „околности поврзани со диспозитивот на обвинителниот акт“.

Судејќи според листата на докази што ја предложил бранителот, а особено според делот во кој се предлагаат сведоци за сослушување, се чини дека Бојан Јовановски решил да постапи поинаку одошто на судењето за случајот „Рекет“, на кое веќе падна првостепена пресуда. Овој пат Јовановски најавува гранде судење, а листата на предложени сведоци тоа најдобро го покажува.

Така, освен членовите на семејството Заеви, на листата се и техничкиот премиер Оливер Спасовски, министрите Мила Царовска и Горан Сугаревски, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, градоначалниците Петре Шилегов (Скопје), Стефан Богоев (Карпош), Наташа Петровска (Битола) и Анго Ангов (Дојран), а неизбежен е и партискиот кадар Александар Кирацовски.

Од раководните луѓе на институциите, на списокот на сведоци што сака да ги сослуша одбраната се директорката на УЈП Сања Лукаревска и Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција. Бранителот на Јовановски сака да ги види на клупата за сведоци и бизнисмените Силјан Мицевски од Битола и Адријан Амзоски од Струга. Од универзитетот ФОН на списокот се Сефер Цановски и Нано Ружин.

Од новинарите од поранешната 1 ТВ на листата на сведоци е само уредникот Ацо Кабранов, но Јовановски би сакал да сведочи и Александар Димковски, главниот и одговорен уредник на „Нова Македонија“. Прв на списокот сведоци е бизнисменот Јордан Камчев, а последна е познатата авторка на текстови на поп нумери Марина Туцаковиќ од Белград.

 

Целиот текст прочитајте го на Плусинфо