Фуриозен Баер, неочекуван пораз на Борусија Дортмунд

Во последниот натпревар од саботната програма на второт коло во германската Бундеслига, фудбалерите на Баер Леверкузен со 4:0 ја совладаа дома Борусија Менхенгладбах, додека истоимениот клуб од Дортмунд беше изнанаден и поразен кај Фрајбург со 1:2.

Баер Леверкузен за десетина минути дојде до сигурно водство против Борусија Менхенгладбах, откако во 3 минута сопствената мрежа ја затресе Јан Зомер, а во 8 минута водството на домашните го удвои Патрик Шик. Во второто полувреме Муиса Диаби беше прецизен во 55 минута, а резултатот го заокружи Надием Амири во 87 минута.

Фаворизираната Борусија Дортмунд, пак, на гостувањето кај Фрајбург впиша непланиран пораз. Во првото полувреме Борусија имаше повеќе од играта и имаше дури 11 удари кон противничкиот гол, но и Фрајбург имаше свои шанси, а дојдоа во водство од одличниот слободен удар на Винченцо Грифо во 6 минута. Во второто полувреме по почетниот притисок на гостите, во 53 минута домашните од против напад го удвоија водството, а стрелец беше Унгарецот Роланд Салаи. „Милионерите“ од Дортмунд продолжија со притисокот и успеаја да намалат на 1:2 во 59 минута со автоголот на Јаник Кајтел, но до крајот на мечот не успеаја ниту да израмнат или да направат целосен пресврт.

Волсфбург по две кола моментално е на врвот на табелата во Бундеслигата, откако во саботата славепе со 2:1 на гостувањето во Берлин кај Херта, и тоа со пресврт.

По првото полувреме кое заврши без голови, Херта поведе во 60 минута кога од пенал погоди Доди Лукебакио. Но Ридл Баку во 73 и Лукас Н’меха во 88 минута му ги донесоа бодовите на Волфсбург.

Новиот прволигаш Бохум со 2:0 пред своите навивачи го совлада Мајнц, а стрелци беа Герит Холтман во 21 и Себастијан Полтер во 56 минута. Погодокот на Холтман без дилеми ќе биде еден од најубавите оваа сезона во Бундеслигата. Играчот од средниот ред на Бохум нанижа шест противнички играчи и постигна феноменален погодок.

Дебитентот Фурт одигре 1:1 дома со Арминија. Гостите во 45 минута дојдоа во водство преку Фабијан Клос, но во 50 минута домашните израмнија преку пеналот кој го реализираше Бранимир Хргота. Домашните не успеаја да дојдат до целосен пресврт, иако Арминија од 68 минута играше без исклучениот Алесандро Шопф.

Бодовите ги поделија, но во меч без погодоци, и Ајнтрахт Франкфурт и Аугсбург.

Во петокот Ред Бул Лајпциг беше супериорен против Штутгарт со 4:0, а стрелци беа Доминик Шобошлаи во 38 и во 52, Емил Форсберг во 46 и Андре Силва во 65 минута.

Во недела од 15,30 часот се игра мечот Хофенхајм – Унион Берлин а од 17,30 часот дуелот меѓу Баерн Минхен и Келн.