Футсал играчи ќе играат за Данска во Лигата на Нации

Фудбалската репрезентација на Данска ќе се спаси од санкции од УЕФА и исфрлање од наредното ЕП откако Данците во последен момент успеаја да соберат играчи кои ќе настапат на престојниот пријателски натпревари како и мечот од Лигата на нации против Велс.

Најдобрите дански фудбалери одбија да играат за репрезентацијата, откако Данскиот фудбалски сојуз побара од Асоцијацијата на професионалните фудбалери да потпишат нов договор во врска со распределбата на парите од комерцијалните договори. Од Асоцијацијата одбија да го направат тоа, и бараат да се потпише стариот, поповолен за нив.

Бидејќи никој од повиканите репрезентативци не се појави на аеродромот во Копенхаген од каде требаше да отпатуваат за приателскиот натпревар со Словачка во Трнава, па селекторот Аге Хареиде „одлучи да си земе одмор“.

 

Сојузот вчера испрати покана на сите клубови од Првата лига во кој ги повика сите играчи кои сакаат да играат за репрезентацијата да се јават до 15 часот. Никој не се јавил бидејќи сите играчи од елитната девизија се членови на Асоцијацијата. Потоа следел повикот до фудбалерите од втората и третата лига, но и тие не се одзвале на повикот.

Сепак, честа на Данците ќе ја бранат футсал играчите кои би требало да настапат на двата натпревари.