Футсал репрезентација закажа две средби против светскиот првак Поругалија

Македонската футсал репрезентација закажа два пријателски натпревари против светскиот шампион Португалија, кои ќе се одиграат на 13 и 14 јануари во Лисабон.

Португалците ја поканија македонската репрезентација на два контролни меча во рамки на подготовките за Европското првенство (ЕП) на кое ќе настапи актуелниот светски првак.

Во екипата на Македонија се вклучени: Антонио Петровски, Иван Стојановски, Зоран Левески, Игор Леовски, Дарко Ранготов, Јакуп Рамадан, Мартин Тодоровски, Таулант Исмаил, Иван Крстевски, Еркан Сефери, Драган Петровиќ, Реџеп Сулејман, Ферид Агуши, Ѓокица Џо Арсовски.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Португалија се игра на 13 јануари од 9 часот, по што вториот дуел е закажан за 14 јануари од 18.45 часот