Г-20 на онлајн самит ќе ги ги разгледува мерките за стабилизирање на нафтениот пазар

25

Вонредниот самит на Г-20 ќе се оддржи утре и ќе биде посветен на мерките за стабилизирање на нафтениот пазар, соопшти извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ) Фатих Бирол.

Средбата ќе се оддржи  онлајн заради пандемијата од коронавирусот.

-На пазарот има огромен вишок, предизвикан од кризата со коронавирусот, посочува Бирол и додава дека неговото ниво се доближива до вредноста во која овој вишок ќе има сериозни последици за стабилноста на светската економија и за милиони вработени во нафтено-гасната иднустрија, додаде тој.

Главната задача на Г-20 е да ја гарантира и поддржува финансиската и економската стабилност на светскиот пазар на нафта, бидејќи тој во целост е дел од нејзините одговорности, подвлече Бирол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.