Г-7 одлучни да ја засилат противвоздушните способности на Украина

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г7 се решени „да ги зајакнат противвоздушните способности на Украина за да спасат животи и да ја заштитат критичната инфраструктура“ и ќе работат со партнерите за да го сторат тоа,наведено е во нацртот на завршната декларација на состанокот.

Министрите за надворешни работи на Г-7 денеска ја завршуваат својата тридневна средба на јужниот италијански остров Капри, каде една од главните теми беше Украина.

Претходно, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој присуствуваше на дискусиите во Капри, изјави за новинарите дека Г7 идентификувала „специфични чекори“ за зајакнување на воздушната одбрана на земјата, но не даде детали.