Г 77: Да се искорени сиромаштијата до 2030

Самитот на Групата 77 и Кина, завршен е во неделата во боливискиот град Санта Круз, со повик на учесниците за искоренување на сиромаштијата со 2030 година и предлог на претседателот Моралес Советот за безбедност на Обединетите нации да биде укинат.

Договорот кој го постигнале 133-те земји членки на Групата 77, подразбразбира и цели за одржлив развој и национален суверенитет над природните ресурси.

„Искоренувањето на сиромаштијата со која светот се соочува и неопходно е за одржлив развој. Нагласуваме дека искоренувањето мора да остане главна цел и движечка сила на агендата после 2015 година“ се наведува во соопштението после состанокот и додава дека „сиромаштијата го нарушува човечкото достоинство“, пренесува АФП .

Моралес, актуелниот претседател на Групата 77, порачал дека треба да се елиминира светската хиерархија“ и повикал на укинување на Советот на безбедност на Обединетите нации.

„Советот на безбедност на ОН треба да се елиминра бидејќи поттикнува војни и инвазии од страна на империјалните сили со цел присвојување на природните богатсва на нападнатите држави.“ рекол Моралес.

На овој собир, со кој се одбележува 50 годишнината од основањето на Групата 77, се собрале 30 шефови и претставници на повеќе од 100 земји во развој, што се чини околу две третини од земјите во светот, за да се заложат за поправеден светски поредок.

Самитот на Групата 77 е заклучен со освојување на документ кој боливискиот потпретседател Алваро Гарсија го опиша како „прв нацрт на пост милениумските развојни цели“, меѓу кои намалувањето на сиромаштијата и нееднаквоста, одржлив развој, заштита на суверенитетот над природните ресурси и промоција на фер трговија и технолошки трансфери.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, кој го отвори самитот на Групата 77, нагласил потреба да се забрзат напорите на остварување на оригинални осум Милениумски цели, меѓу кои и оној да се преполови бројот на екстремно сиромашните во светот.

Иако не е членка на Групата 77, Кина учествуваше на самитот, што се оценува како отстапка заради нејзините се поживи трговски врски со државите од Латинска Америка.