Г.г. Стефан до Синодот на СПЦ: Македонскиот православен народ сочувствува со сите коишто тагуваат поради упокојувањето на Патријархот Иринеј

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан упати телеграма со сочувство до Светиот архијерејски синод на Српската православна црква, по повод упокојувањето на српскиот патријарх Иринеј.

„Со голема жалост ја примивме веста за упокојувањето на Неговата Светост Патријархот Српски Иринеј. Српската Православна Црква и Православието во целост, во неговата личност имаа редок духовник, посветен пастироначалник и неуморен архипастир. Тој достоинствено и смирено го носеше својот патријаршиски крст и крстот на своето духовно паство, и во сè се трудеше да се покаже за достоен наследник на своите претходници. Во овие тешки мигови за вашите Црква и народ, дозволете ми, во свое и во името на Светиот архијерејски синод, на свештенството, на монаштвото и на сите верни чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да ве увериме во искрената скрб на македонскиот православен народ, кој сочувствува со сите коишто тагуваат поради упокојувањето на Патријархот Иринеј“, стои во телеграмата.

Во телеграмата со сочуство од погклаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан упатена до СПЦ понатаму се додада:

„Споделувајќи ја тагата со вас и со сите во Српската Православна Црква, се молиме за душата на новопретставениот ваш првојерарх, та милостивиот Бог да го прими во прегратките на праотецот Авраам и во населбите на праведниците. Бог да го прости и нека му е споменот вечен!