Г20 го продолжи периодот за запирање на наплатата на долгот на најсиромашните

Групата дваесет водечки економии во светот (Г20) постигна договор за продолжување на периодот за делумно или целосно запирање на наплатата на долговите на најсиромашните земји за уште шест месеци.

На состанонот одржан преку интернет, министрите за финанции и гувернерите на централните банки на земјите од групата Г20 се договориле дека Инцијативата за привремено запирање на сервисирањето на долговите (DSSI) да се продолжи до јуни 2021 година „поради поддршката на најранливите земји во борбата со пандимијата“.

Провеменото на запирањето на наплатата е на сила од 1-ви мај и според првичниот план треба да истече кон крајот на годинава. Групата Г20 ќе одлучи за натамошното евентуално родолжување на состанкото на пролет следната година, се наведува во соопштението објавено во средата вечерта по состанокот.

„Иако изгледите се помалку неповолни и светската економија покажива знаци на закрепнување… Заздравувањето е невоедначено, многу незивесно и изложено на ризици од натамошно слабење на економиите. И покрај постигнатиот напредок по прашањето на меѓународната финансиска помош за најсиромашните земји, мораме повеќе да се ангажираме“, изјави саудискиот министер за финансии, Мохамед ал-Џадаан во воведниот гови, поддржувајќи го продолжувањето на иницијативата.

Директорот на Светската банка, Дејвид Малпас, им порача на функционерите од Г20 дека мора да ги разгледаат дополнителните мерки, имајќи дека иницијативата за запирање на наплатата на долговите само ја одложува наплатата и не ја намалува обврската на сиромашните земји. Се заканува опасноста да се загуби контролата над долгот кој најсиромашните нема да може да бидат вратени, појасни Малпас.

До следната година кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот би можела да турне уште 150 милиони луѓе во екстремна сиромаштија и бара порешителни мерки за намалувањето на долгот на сиромашните, вели челникот на Светската банка.

„Рецесијата во развиените економии е помалку страшна отколу што се стравуваше, но во повеќето земји во развојот премина во депресија, особено во оние најсиромашните“, истакна Малпас.

Ги повика челниците на земјите во Г20 да го поддржат барањето на Меѓународното здружение за развој, одделот на Светската банка кој ги помага најсиромашните, да му се стават на располагање 25 милијарди долари.