Г7 порача дека талибаните мора да го спречуваат тероризмот и да се грижат за човековите права

virtual G7 meeting on the ongoing crisis in Afghanistan, Rome, Italy, 24 August 2021. ANSA/ UFFICIO STAMPA PRESIDENZA DEL CONSIGLIO/ FILIPPO ATTILI +++ ANSA PROVIDES ACCESS TO THIS HANDOUT PHOTO TO BE USED SOLELY TO ILLUSTRATE NEWS REPORTING OR COMMENTARY ON THE FACTS OR EVENTS DEPICTED IN THIS IMAGE; NO ARCHIVING; NO LICENSING +++ EPA/FILIPPO ATTILI HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Талбанската влада ќе мора да одговара за своите дела за да го спречи тероризмот и да се грижи за човековите права, во прв ред жените, соопштија во вторникот челниците на земјите од Г7 на вирутелниот самит, а Италија повика во заедничкиот пристап кон Авганистан да се вклучат и земјите од Г20.

Челниците на САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Канада, Франција и Италија „повикуваат на мир и воздржаност“ и нагласуваат дека Авганистан не смее „никогаш повеќе да стане засолниште за тероризмот и извор за терористичките напади врз други“ земји.

„Ќе продолжиме решително и солидарно да се бориме против тероризмот каде и да го има“, стои во заедничкото соопштение на Г7 по завршувањето на состанокот на кој учествуваат и генералните секретари на НАТО и на Обединетите нации.

„Моменталниот приоритет“ евакуацијата на нашите сограѓани и Авганистанците кои за нив работеле, се додава уште во изјавата, но се повикува „секоја идна авганистанска влада“ да ги „почитува обврските и меѓународните обврски за заштита од тероризмот“, како и на „заштитата на правата на сите Авганистанци, а во прв ред жените, децата и малцинствата“.

Од Г7 уште ги повикуваат талибаните да формираат „инклузивна и репрезентативна влада“, во којашто „ќе има значителен број жени и претставници на малцинствата“.

Истовремено, Италија, којашто во моментов претседава со групата Г20, се зазема на состанокот на Г7 која ги обединува најбогатите земји на светот, во заедничката политика кон Авганистан да се вклучат и членките на Г20, гипаа на најголемите економии на светот.

„Г20 може да ѝ помогне на Г7 во вклучувањето на другите земји кои се важни, бидејќи имаат можност за контрола над она што се случува во Авганистан: а тоа се Русија, Кина, Саудиска Арабија, Турција и Индија“, изјави италијанскиот премиер Марио Драги.

Како сегашна претседателка на Г20, Италија сака во септември да биде домаќин на посебен самит посветен на Авганистан, но за тоа треба да ја добе поддршката од САД.

Премиерот Драги рече дека е пресудно за меѓународните организации да го задржат својот пристап во Авганистан и по 31-ви август, кога истекува догововорениот рок за повлекување и на последните американски војници. Во поглед на имиграциите од оваа земја, рече дека сѐ уште нема координиран или заеднички пристап на европско или меѓународно ниво.

„Мораме да вложиме големи напори во таа насака“, рече Драги и истакна дека таквиот пристап е „презуден за борбата против тероризмот“.

„Рокот до 31-ви август нема да биде доволен за евакуација на на сите оние кои сакаме да ги извлечеме од Авганистан“, рече германскиот министер за надворешни работи, Хеико Маас.

Во тој контакт „Италија ја преземе иницијативата за координацијата во рамките на Г20“, се надоврза шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо. „Авганистан ќе биде на дневниот ред на разговорите во петок кога ќе се сретнам со рускиот колега Сергеј Лавров“, додаде Ди Мајо.