Гајдај: Украинските сили ја задржаа контролата врз фабриката „Азот“ во Севернодоњецк

Украина ја задржа контролата врз хемиската фабрика „Азот“ во Севернодоњецк, во која се кријат стотици цивили, изјави денеска гувернерот на регионот Серхи Гајдај.

-„Азот“ не е блокирана, борбите продолжуваат на улиците до фабриката, изјави Гајдај за украинската телевизија.

Гувернерот додаде дека очекува руските сили да вложат максимални напори во обид да го освојат градот, денеска или утре.