Гајсер: Сигурен сум дека Заев ќе биде заменет за неколку месеци

Ларис Гајсер кој ги објави снимките за аферата „Рекет“ во интервју за радио „Огнјишце“ зборува за одговорностите и доказите во случајот „Рекет“, политичките импликации,  владеењето на правото во Македонија како и за молкот во Брисел.

Според словенечкиот геополитички експерт и публицист повеќето од политичките и судските системи во земјата се корумпирани. Тоа го докажале снимените уцени, материјали кои тој му ги довери на италијанскиот весник Ла верита.

Јасно е дека поголемиот дел од политичкиот и судскиот систем се корумпирани. Снимките што ги добивме докажаа до кој се може да стигнат“, вели Гајсер.

Според него, премиерот Заев сигурно знаел за сето ова, а доколку не се верува на доказите, додава тој, тука сè уште постои објективна одговорност.

Со изнесените докази, премиерот Заев се наоѓа во многу тешка состојба. Дури и ако не верувате во доказите, постои објективна одговорност во овој момент. Ако постапувате на овој начин во последните три години, апсолутно сте првиот министер објективно одговорен за она што се случува, смета аналитичарот.

Гајзер е убеден дека аферата со уцени сигурно ќе има политички импликации и дека тоа ќе отвори ново поглавје во историјата на Македонија.

Сигурен сум дека Заев ќе биде заменет за неколку месеци. Тоа веќе треба да се случи. Претседателот на државата може мирно да назначи нов премиер во истата коалиција. Ако тоа не се случи, ќе има голема криза, ќе има техничка влада и така до следните избори. Македонија со премиер кој е меѓународно инвалидизиран и изолиран не може да функционира нормално, вели Гајсер.

Тој открива дека состојбите во Македонија ги следи долги години и дека страда со македонските граѓани бидејќи тие се меѓународно ограничени во нивниот суверенитет.

Меѓународниот совет маршираше врз нив, ограничувајќи го нивниот устав, ограничувајќи ја нивната моќ и легитимна можност да го изберат своето име. Никогаш не можев да го „сварам“ тоа, потенцира словенечкиот геополитички експерт.

Тој вели дека е згорзен и од тишината на Европската унија.

Жалам што мандатот на оваа Европска комисија завршува, бидејќи после октомври таа повеќе нема да биде виновна и да ја носи тежината, а тимот кој ќе дојде по неа ќе зборува за тоа како тие ќе ги променат работите на Балканот на подобро, смета тој.

На крајот од интервјуто Гајсер вели дека стравува оти иднината ќе  биде исклучително тешка доколку регионот и меѓународната заедница проблемите ги заташкуват по килимот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.