Гачевски со оди од Вардар

Голманот на Вардар, Филип Гачевски, одлучи да пет години да го напушти најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија.

Гачевски откако му заврши договорот со Вардар, поради големите финансиски проблеми во кое се наоѓаат „црвено-црните“ не успеа да најде заеднички јазик за продолжување на соработката.

Доседашниот капитен преку социјалните мрежи се прости од навивачите, но и од клубот кој „во срце ќе го носи секаде каде ќе игра“.

„За жал дојде и тој момент. После пет години, денеска се збогувам со вас и фановите, бидејќи заминувам од Вардар – клубот со кој ги доживеав најубавите моменти, 3 титули и историски пласман во ЛЕ. Благодарам на соиграчите и на луѓето со кои работев секој ден сите овие години. Научив многу од сите тренери, а најмногу од Саша Илиќ, Александар Васоски и Гоце Седлоски. Им благодарам на фановите за постојаната поддршка, им благодарам на Комити за тоа што беа со мене во убавите, но и тешките моменти. Клубот не ме научи само како да бидам спортист, туку ме изгради и како личност. Не сакам да бидам запаметен како добар или лош голман, туку како добар човек. Ви благодарам и секаде каде ќе одам ќе извикувам ,,Вардар во срце те носам”!!!

Еден живот – една љубов“, напиша Гачевски на својот фејсбук профил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.