Гадафи во спалната соба чувал слика од Тито

Убиениот Либиски лидер Муамер Гадафи имам посебни симпатии кон Југословените. Тој најчесто се одлучувал да земе работници од овие простори, а пак сакал да му работат и во неговата резиденција. Ова го раскажува Славица Томчиќ, која со години работела како собарка кај Гадафи. Славица за „Курир.рс“ раскажува дека кај Гадафи владееле строги услови, но оти сепак тој бил добар човек.

„Во Триполи во салонот каде што Гадафи примаше најважни гости на ѕидот имаше и слика на Тито. Жената на Гадафи, Сафија имаше и слика во спалната од Тито и Гадафи кога биле помлади. Тоа говореше за големото пријателство меѓу двајцата претседатели“, раскажува Славица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.