Гај Јулиј Цезар Мусолини кандидат на изборите за Европскиот парламент

Кајо Џулио Чезаре Мусолини, правник на италијанскиот фашистички водач Бенито Мусолини, ќе биде кандидат на изборите од Европскиот парламент за малата партија од крајната десница Италијански браќа, потврди во разговорот за дневниот весник Il Messaggero објавен вторник.

„Сите сакаат да го стават Мусолини на гласачкото ливче“, вели овој 50-годишниот, поранешен подморнички офицер кој водеше компанија чиешто седиште во Обединетите Арапски Емирати. Признава дека никогаш не се занимавл со политика, но уверува дека ја „дише“ политиката целиот свој живот.

Ова не е првпат тој да води кампања во Италија. Чезаере е братучед од второ колено на Алесандра Мусолини, внуката на Дуче, која беше пратеничка од Европскиот парламент од 2014 година, откако бепе сенаторка, односно пратеничка во горниот дом на италијанскиот парламент.

Роден во Аргентина, Кајо Џулио Чезаре (од латинските имиња Гај Јулиј Цезар) не мисли дека ќе биде избран порасди неговото презиме, туку попрво поради „името“, своето чувство за должност и мешународното искуство, иако името Џулио Чезаре и не е толку ретко во Италија.

Во парламентот во Стразбур „ќе го бранам националниот интерес со сите свои потези и гласањето“, вели потомокот на Мусолини, во согласност со како што ги нарекуваат ултра-суверенистичките ставови на Италикански браќа.