Галатасарај ги прекина тренизите поради зараза

Турскиот прволигаш и актуелен бранител на титулата Галатасарај во петокот објави дека ги прекинал сите тренинзи, бидејќи во своите редови има еден случај на зараза со коронавирусот.

Според соопштението на турскиот фудбалски гигант, сите тренинзи се суспендирани во рок од следните шест дена, бидејќи еден од вработени во клубот бил позитивен на тест на Covid-19.

Резултатите од тестирањата на сите вработени во клубот, играчите и тренерите, Галатасарај во четвртокот вечерта ги објавил на својот проил на Twitter.

Турската фудбалска федерација минатата седмица објави дека првенството ќе продолжи на 12-ти јуни без гледачи, речиси три месеца по прекинот на натпреварувањето поради епидемијата на коронавирусот.

Случаи на зараза во своите редови открија и клубовите Бешикташ и Касимпас, како и второлигашот Ерзумспор.