ГАЛЕРИЈА| KIKO Milano на официјалното отворање во „Ист Гејт Мол“ порачаа: „Животот нека биде во боја“ 

KIKO Milano

„Животот нека биде во боја“ е пораката на омилениот италијански бренд за шминка KIKO Milano, обожуван од милиони жени ширум светот. Во присуство на познати личности, инфлуенсери и шминкери, во „Ист Гејт Мол“ конечно се отвори првата специјализирана продавница на козметичкиот бренд KIKO Milano, под закрила на модната групација „Фешн Груп“.

Без разлика дали сакате да го истражите новиот свет на убавината на KIKO, барате совршен производ за нега на вашата кожа или пак сакате да ја направите најмагичната фотографија за на Инстаграм, талентираните и професионално обучени шминкери ќе ви помогнат да ги откриете најновите трендови и да доживеете незаборавно KIKO Milano искуство.

„Драги наши дами, во оваа нова козметичка оаза ќе пронајдете повеќе од 2.000 производи кои чекаат на вас, но и едно сосема поинакво шопинг искуство, сега, потпомогнато од советите на вистинските професионалци. Продавницата е целосно дизајнирана за да одговори на сите ваши потреби и желби од различна возраст, благодарение на неверојатно квалитетните производи кои секогаш порачуваат да бидете она што сакате да бидете. Како компанија, повеќе од драго ни е што добивме навистина позитивен фидбек за новиот член на нашето семејство, а ви ветуваме дека токму тука секоја дама ќе успее да ја комплетира својата визија за вистинската убавина, посочи на отворањето маркетинг-менаџерот на групацијата“, Јордан Колевски.

Компанијата КIKO Milano е основана во 1997 година во Милано, Италија, од Стефано Перкаси и неговиот татко Антонио Перкаси, и до денес достигнува револуција во козметичкиот свет. KIKO ги идентификува главните трендови за убавина и ги прави достапни за сите.

Комбинирајќи го квалитетот и креативноста, вкоренети во нивната италијанска крв, KIKO ги освојува и најпребирливите кога станува збор за убавината, благодарение на бескрајната палета на нијанси, тонови и текстури. Денес, брендот има над 900 продавници и е достапен на повеќе од 30 пазари ширум светот.