ГАЛЕРИЈА| Магариња чистат турски град и го слушаат Бетовен

Веднаш откако Сонцето ќе се појави на хоризонтот, стадото бели маграриња ја почнуваат својата активност за собирање на сметот во средновековниот турски град Мардин, а по смената ги чека релаксирање со класична музика.

Комуналните работници ги водат низ тесните улички на градот подигнат на карпата којашто се надвива над древната Месопотамија, денешните Сирија, Ирак и Иран. Животните свикнати на тешката работа носат корпи во кои се собираат отпадоците.

„Ги користиме за чистењето на градот веќе со векови. Единствено тие може да се движат по овие тесни и стрмни улички. Во спротивно, би било невозможно да се изведуваа оваа работа“, вели во репортажата на AFP, Кадри Топарли, еден од чистачите во стариот град.

Гадар, Чефо и Бозо, односно Суровиот, Благиот и Бледиот, се меѓу четириесеттината магариња „општински службеници“, кои ги добиле имињата според нивните особини.

„Работат, како и ние, осум часови дневно со пауза по четири часа работа“, вели Топарли.

Навечер, додека закрепнуваат од долгиот ден и искачувањата по најмалку 150 басамаци, магарињата со музика се опуштаат во своите штали каде за нив се грижат ветеринари.

„Секоја вечер два часа им пуштаме класична или традиционална музија. Гледаме дека се посреќни кога ќе го слушнат Бетовен“, вели во шега Топарли.

 

Правата на животните

На почетокот од XX век, кога во Мардин живееле само 20.000 луѓе, магарињата ја пренесувале пеплта настаната со согорувањето во печките на дрва и јаглен. Само стариот град сега има 60.000 жители кои секој ден произведуваат десет тони отпад.

„Имаме мали возила кои ги нарекуваме ‘такси за ѓубре’. Ги користиме и нив, но не се ефикасни колку магарињата“, вели Абдулкадир Тутаси, начелник на општината во стариот град.

Во турското општество последните години расте чувствителноста кон благосостојбата на животните, па се вложуваат напори да се намали зависноста од користењето на животните.

Мегалополисот Истанбул во јануари годинава, така, ги забрани коњските запреги на Принцовските острови, популарниот ридест ахрипелаг на влезот во Босфор. Наместо туристичките кочии кои порано ги влечеа коњи, сега таму се воведени електрични возила.

Во таа смисла, за да се одбранат од можните критики, властите во Мардин соработуваат со здруженијата за правата на животните во надгледувањето на магарешките работни услови.

 

Златните магарешки години

Кадри Топарли со многу грижа се однесува кон своите магариња, и кон нив се однесува со почит.

„Тие се многу паметни животни. Напамет ги знаат реоните за коишто се задолжени. Често воопшто не мораме да ги водиме назад до шталите“, додава Топарли.

Магарињата ги „вработуваат“ кога ќе навршат шест години, а ги „пензионираат“ кога ќе наполнат 14 или 15 години. Магарињата притоа на специјална свеченост им се даваат порција лубеница. Тортата, имено, се смета за многу нездрава за нив.

Своите златни годни магарињата ги минуваат во локалните засолништа за животни и уживаат во заслужениот одмор.

Градот Мардин послужил како пример и за уште некои европски градови, особено во Франција и во Италија, каде што магарињата ги користеле за комуналните работи во зоните до коишто возилата тешко допираат.

„Покрај тоа, магарињата не ја загадуваат околината“, вели Тутаси.