(ГАЛЕРИЈА) Манекенката Стела Тенант ненадејно почина на 50 години

894

Стела Тенант, британскиот топ модел од деведесеттите години од минатиот век, почина на 50-годипна возраст, пренесуваат во средата британските медиуми.

Тенанат е родена во шкотско аристократско семејство. Нејзиниот неконвеционалне андрогин изглед ѝ помогна да се пробие во светот на модата во 1990-те години. Стана ново лице на „Chanel“ и беше на насловните страници на модните списанина ширум светот.

„Со голема тага соопштуваме за ненадејната смрт на Стела Тенанат на 22-ри декември 2020 година. Стела беше прекрасна жена и инспирација за сите нас. Многу ќе ни недостигаш“, наведува меѓу другото во соопштението за новинската агенциja PA.

Британскиот јавен сервис го цитира полицискиот портпарол кој наведе дека Тненант „не умрела во сомнителни околности“, пет дена по нејзниот 50-ти роденден.

По повлекувањето од модните писти, Тенант беше поборничка на намалувањето на влијанието на модната индустрија врз животната средина.

„Ќе ни биде потребно долго време да ги промениме своите навики, но мислам дека тоа е чекор во вистинската насока“, изјави минатата година за The Guardian.

Се пензионираше од модната индустрија во 1998 година, само повремено снимајќи модни кампањи и појавивајќи се на модните писти.

Беше 21 година во брак со поранешниот француиски фотограф Давид Ласнет, кој подоцна стана етаблиран остеопат, со кој имаше четири деца.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.