(ГАЛЕРИЈА) Нема знаци дека украинскиот авион е соборен, според западните служби

Првите процени на западните разузнавачки служби покажуваат дека украинскиот патнички авион кој во средата се урна во Иран не е соборен од проектил, рекол за Reuters извор од канадското разузнавање.

Соговорникот на агенцијата, која сакал да остане анонимен, рекол дека разузнавачките служби на Западот веруваат дека „Boeing 737“ имал технички проблеми. Авионот го минал последното редовно техничко одржување ан 6-ти јануари 2020 година, објави украинската компанија.

Авионот на компанијата „ Ukraine International Airlins“ се урнал набрзо по полетувањето од Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. Во авионот имало 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци од кои девет членови на екипажот, десет Швеѓани, четворица Авганистанци, и по тројца Германци и Британци.

Од Техеран полетал во 6,10 часот по локално време кон Киев, а неколку минути подоцна исчезнал од радарите уривајќи се недаелку од иранската престолнина. Украинската амбасада во Техеран го промени првичното соопштение за причините за падот на авионот во Иран, во кое терористички или ракетен напад се исклучуваа како причина за несреќата и падот на украинскиот авион. Амбасадата во второто соопштение наведе дека причините за инцидентот се „дефетк на моторот поради технички причини“, како и дека се „разјаснуваат“, и оти претходните соопштенија за причините за несреќата „не се официјални“.

И иранската државна телевизија наведе дека авионот поради технички проблеми. Медиумите ја пренесуваат изјавата на функционер на иранската агенција за цивилно воздухопловство, кој рекол дека пилотот не пријавил проблеми со леталото. Покрената е истарага, а соопштено е дека се пронајдени „црните кутии“ од авионот.

Портпаролот на компанијата „Boeing“ соопшти дека компанијата собира информации за пад на авионот во Иран. Американската компанија ја приземји во март лани својата авиони од моделот „737 МАХ“, откако два нејзини авиони во интервал од неколку месеци се урнаа при што загинаа 346 луѓе. По падот на украинскиот авион, во средата дополнително за речиси 2 отсто паднаа акциите на гигантот во воздухопловната индустрија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.