Галерија: Белата куќа во уникатно празнично издание

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ја пренесе празничната магија во Белата Куќа преку галерија фотографии од годинешната декорација.

Како декорација на Белата Куќа во 2018 година, Меланија за тема на празничното украсување одбра детали од „Американските историски богатства“.

Приложените декорации вклучуваат новогодишни елки украсени во чест на членовите на семејствата кои ги изгубиле своите сакани во служба на војската, вклучувајќи и жртви од Првата Светска војна. Познати како Gold Star Families, мотивите на украсите и орнаментите се претежно со нивна симболика. Како и низа од богато божиќно украсени елки и реплики на градовите Њујорк, Чикаго, Сент Луис и Сан Франциско.