(ГАЛЕРИЈА) Првиот официјален лет од новиот аеродром во Турција

Во средата од новоизградениот истанбулски аеродром полета првиот авион кон престолнината Анкара, а според „Istanbul Grand Airport“ (IGA), овој аеродром до 2028 година ќе достигне капацитет од 200 милиони патници.

Со остварување на овој план, овој турски аеродром ќе стане најголемиот на светот. На првото место во моментов се наоѓа Меѓународниот аеродром „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта кој минатата 2017 година имал капацитет од околу 104 милиони патници.

Во Istanbul Grand Airportu (IGA), кој е оператор со новиот аеродром во Истанбул, планираат до 2028 година да достигнат капацитет од 200 милиони патници годишно, што е двојно повеќе од аеродромот во Атланта. Аеродромот тогаш треба да биде целосно оперативен, а ќе има шест писти. Според IGA, вредноста на оваа инвестиција изнесува 11,6 милијарди американски долари.

Новиот аеродром, сместен во европскиот дел од Истанбул, всушност ќе биде пуштен во употреба на 29-ти декември. Авионите дотогаш од новиот аеродром ќе полетуваат само кон неколку дестинации: Анталија, Измир, Северен Кипар и Азербејџан, додека сегашниот аеродром „Ататурк“, кого треба да го замени“, дотогаш ќе продолжи да функционира.

Делови од пренатрупаниот аеродром „Ататурк“, во иднина ќе биде пренаменет во јавен парк. Истанбул со новиот меѓународен аеродром ќе има вкупно три. „Ататурк“ ќе биде затворен за комерцијални летови, но ќе го задржи статусот на аеродром, бидејќи ќе биде користен за саеми на авиони. Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, сместен на азискиот дел од Истанбул и натаму ќе биде отворен.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот во Истанбул свечено го отвори новиот аеродром. Отворањето со совпадна со 95-годишнината од прогласувањето на турската Република.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.