Галијани не дозволи Пипо да биде тренер на Сасуоло

Потпретседателот на италијанскиот калчо гигант Милан, Адријано Галијани потврди дека Филипо Пипо Инзаги не добил дозвола да биде именуван за нов тренер на калчолигашот Сасуоло.

Легендарниот напаѓач на Милан, кој моментално работи како тренер на младинскиот тим пред неколку часа го информирал главниот оперативец на “росонерите” дека добил понуда да биде именуван за нов тренер на Сасуоло но Галијани веднаш го информирал дека клубот нема да му дозволи да си замине од “Сан Сиро”.

“Пипо нема да биде новиот тренер на Сасуоло. Точно дека имав состанок со Пипо и точно дека побара дозвола да замине од Милано. Јас веднаш го одбив, му кажав дека не може да добие дозвола и дека ќе остане тренер на малдинскиот тим. Сакаме и понатаму на располагање да ги имаме услугите на Филипо. Немаше никаква драма, Пипо веднаш ја прифати мојата одлука”, изјави Галијани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.