Галијани потврди дека Хонда е нов фудбалер на Милан

Потпретседателот на италијанскиот калчо гигант Милан, Адријано Галијани и официјално потврди дека јапонскиот интернационалец од редовите на ЦСКА (М), Кеисуке Хонда, од 3 јануари ќе биде нов фудбалер на седумкратниот европски клупски шампион.

„Сега можам да зборам и на оваа тема. Двете страни го потпишаа понудениот договор. Хонда од 3 јануари е нов фудбалер на Милан и ќе го носи дресот со бројот десет. Сега се е официјално, нема ништо тајно. Повеќе нема да кријам дали имаме договор или не со јапонскиот интернационалец. Не знам дали ќе биде во комбинација за првенствениот натпревар на 6 јануари. Се надевам дека ќе игра, но станува збор за фудбалер кој нема европски пасош и мора да се почитуваат некои правила. Ако се биде во ред со документите, тогаш Хонда сигурно ќе биде во комбинација”, изјави Галијани.