Галинари потпиша за Бостон Селтикс

Danilo Gallinari/ Photo by Todd Kirkland/Getty Images

Италијанскиот 33-годишен кошаркар Данило Галинари потпиша двегодишен договор со Бостон Селтикс во износ од 13,3 милиони долари, објави спортската мрежа ESPN.

Италијанецот доаѓа во редовите на еден од најтрофејните клубови во НБА лигата и актуелен вицешанпион како слободен играч.

Галинари минатата сезона за Атланта Хоукс забележа просек од 11,7 коша, 4,7 скокови и 1,5 асистенција по натпревар. Во јуни беше разменет во Сан Антонио Спарс, но само еден месец подоцна Спарс се откажаа од неговите услуги.

Во текот на кариерата играше и за Њујорк Никс, Денвер Нагетс, Лос Анџелес Клиперс и Оклахома Сити Тандерс, а во 13-те НБА сезони оствари просек од 15,6 поени, 4,8 скокови и 1,9 асистенции по меч.

Бостон сезонава стасаа до финалето на НБА лигата, а беа поразени од Голден Стејт Вориорс со 2-4 во победите.