Галтие не го оправдува исвиркувањето на Меси од страна на навивачите на ПСЖ

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, зборуваше за реакцијата на навивачите на тимот кон напаѓачот Лионел Меси на натпреварот од 35. коло на Лига 1 против Ајачио (5:0).

Пред почетокот на натпреварот, официјалниот спикер на стадионот ги објави составите, каде навивачите на парижаните почнаа да свиркаат откако се огласи името на Аргентинецот.

– Имаше свирежи. Но, многу брзо, поголемиот дел од стадионот се погрижија да ги замолчат за да му дадат поддршка на Меси. Тој остана фокусиран со желба да ја зачини играта и да создава шанси. Тој се навикна на тоа, бидејќи во кариерата влезе во тешки ситуации, изјави Галтие.

ПСЖ е на врвот на табелата во Лига 1 со 81 бод од 35 натпревари.