Галуп: Рекордна популарност на Трамп од 49 отсто

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп достигна рекордни 49 проценти, најмногу откако тој ја презеде функцијата во 2017 година, објави Галуп.

Од друга страна, анкетата на Галуп покажа дека околу 50 проценти од регистрираните гласачи не ги одобруваат постапките на Трамп, а само еден процент немаат мислење.

Претседателот на САД ужива поддршка од 94 проценти од републиканците и 42 проценти од гласачите кои се опишуваат како независни.

Меѓу демократите, политиките на Трамп ги одобруваат само седум проценти од гласачите.

Во исто време, поделбата меѓу двете водечки партии, кога станува збор за проценка на перформансите на претседателот, никогаш не била поголема откако Галуп спроведува истражувања.