Гамбија ја обвини Мјанмар за геноцид врз Рохинџите пред судот на ОН во Хаг

Гамбија денеска отвори случај пред највисокиот суд на Обединетите нации во кој го обвини Мјанмар за геноцид врз муслиманското малцинство Рохинџи.

Во соопштението што го објавија адвокатите на Гамбија се наведува дека од Меѓународниот суд на правдата се бара да нареди мерки за моментално запирање на геноцидот во Мјанмар, пренесуваат американските медиуми.