Гана е првата земја која доби вакцина преку Covax

70

Гана стана првата земја на свето којашто ја доби вакцината против коронавирусот преку меѓународната инициајтива Covax, пренесува во средата BBC.

Целта на иницијативата која ја поттикна Светската здравствена организација (СЗО – WHO) е вакцината праведно да се распореди на сите држави, независно од тоа колку се богати и развиени. Механизмот Covax планира до крајот на година да се испорачаат две милијарди дози од вакцината против коронавирусот.

Меѓутоа, многу богати држави кои започнаа со имунизацијата на своето население во јануари, се критикувани дека купиле или нарачале поголеи количества од вакцините отколку што им е потребно, поради што многу малку останало за посиромашните земји кои не можат да дојдат ниту до нарачки.

Во Акра, главниот град на Гана, во средата пристигнале 600.000 дози од вакцината на „AstraZeneca“, а се очекуваат дека оваа африканска држава со вакцинацијата ќе започен следната седмица.

Од СЗО и УНИЦЕФ во заедничко соопштение наведуваат дека станува збор за „значаен настан“. „Доаѓањето на вакцината во Гана е клучно за сузбивање на епидемијата“, стои во соопштението на двете организации во рамките на Обединетите нации.

Гана, којашто има околу 30 милиони жители, од почетокот на пандемијата официјално пријави 81.000 случаи на зараза со коронавирусот и 584 смртни исходи.

Целта на Covax е да се вакцинира до 20 отсто од населението во сиромашните земји, без трошоци на нивните влади. Повеќето африкански земји треба да ја добијат вакцината преку оваа инцијатива, но некои други, како што е Сенегал, веќе сами ја обезбедија вакцината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.