Едногласно поддржани заклучоците за судска независност

Ушковски посочи дека независноста на судството не зависи само од законската регулатива и континуирано треба да се зајакнува и свеста на самите судии во однесувањето.

Едногласно поддржани заклучоците за судска независност
Едногласно поддржани заклучоците за судска независност

Претседателот на Судскиот совет рече дека судството не треба да биде надвор од контрола на јавноста но, како што додаде, тоа потребно е да се остварува согласно европските стандарди.

Во врска со ова нечело потребна е дебата меѓу претставници од Судскиот совет, од судството со претставници на новинари од ЗНМ и МАН. Судскиот совет, како и судовите кон новинарите ќе постапуваат со должен респект и почитување, без да се задира во нивното право за слободно информирање, односно да се почитуват човековите права и слободи, но исто така и новинарите не треба да го нарушуваат личниот интегритет на судиите, нагласи Ушковски.

Во заклучоците е посочено дека сите препораки за европските стандарди и идеи кои се наведени во Извештајот на ЕК треба да бидат прифатени од законодавецот и да бидат имплементирани.

Претседателот на Судскиот совет рече дека  македонските судии во 2014 година имаат добиено високи оценки, според критериумите за оценување за нивната работа.

Дури 86 отсто од македонските судии за својата работа се оценети со оценка 4, додека 14 отсто со оценка 3, рече Ушковски, додавајќи дека 100 отсто од судиите се оценети со позитивна оценка.

Според компаративната анализа направена од Министерството  за правда во однос на времето на решавање на граѓанските спорови, како што рече Ушковски, македонските судии успеваат да ги решат во просек за 175 дена.

Ние сме во подобра ситуација од  Словенија каде граѓанските спорови се решаваат за 405  дена, во Хрватска за 457, во Србија за 242 дена, во Шпанија за 264 дена, а во Франција за 311 дена, истакна Ушковски.

Во однос пак на решавањето на кривичните предмети, како што посочи, Македонија е изедначена со некои држави од регионот и од ЕУ.

Третата тркалезна маса на тема „Улогата на Судскиот совет и највисоките судови во заштита на судиите од мешање во нивната независност“, на која учествува 40-тина судии, беше организиарана од Судскиот совет на Република Македонија.