„Гардијан“: Матка меѓу десетте најубави европски кањони

На околу 15 километри југозападно од Скопје се наоѓа Матка, која со своите геолошки, геоморфолошки, хидролошки, флористички и фунистички карактеристики е едно од најрепрезентативните богатства на Македонија. По долината на реката Треска има таинствен свет со прекрасни пештери, високи карпи, големо богатство на дабови и букови шуми, белоглави орли и ретки животински видови.

Во Матка има десетина пештери со должина од 20 до 177 метри и две провалии со длабочина до 35 метри, а најпознати се пештерите Врело, Кршена и Убава кои имаат слична должина. Пештерите се полни со сталагмити, столбови и сталактити. Кањонот на реката Треска е најважниот искачувачки центар во северниот дел на Македонија и главните искачувања започнуваат на пролет кога доаѓаат посетители од цела Европа. Сезоната продолжува во текот на летото и есента до ноември, кањонот на реката Треска е отворен и за кајакарство.

Не случајно кањонот Матка се најде во репортажата на британски „Гардијан“ меѓу десетте најубави европски кањони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.