Гардист на папата: Геј мрежа во срцето на Католичката црква

Поранешниот командат на Ватиканската гарда, елитната група чија работа е да го чува папата, рекол дека постои „мрежа на хомосексуалци“ во Ватикан. Ова е само последно во низата тврдења дека постојат свештеници хомосексуалци во срцето на Католичката црква.

„Не можам да ги негирам тврдењата дека постои мрежа на хомосексуалци. Искуството покажа дека такво нешто навистина постои“, рекол Медер.

Ватиканската гарда, препознатлива по своите униформи, се заколнале во своите животи дека ќе го чуваат лидерот на Католичката црква.

Медер одбил да коментира дали ги предупредувал гардистите да се чуваат од свештеникот. Тој рекол дека нема проблем со хомосексуалците, но дека тајното друштво на „геј луѓето“ во Ватикан би можеле да претставуваат проблем.