Гаши нема ништо против предвремени избори, а влегол во Владата само заради датумот за преговори со ЕУ

Мислам дека Алтернатива направи голем чекор кон отворање на вратата за почеток на преговори со ЕУ, но добивањето датум за преговори не беше единствената причина поради која ние одлучивме да се приклучиме на владиното мнозинство, изјави лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

– Ако Бугарија и Европската Унија сè уште не се одлучни да ја отворат оваа врата во декември, мислам тогаш тоа ќе се случи во јануари, мислам дека ќе треба да почекаме. Не мислам дека тоа беше единствената причина што станавме дел од Владата, има многу причини, но ова беше навистина многу важно, и една од најважните – рече Гаши.

Во однос на средбата помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Гаши смета дека е добро да се случуваат такви средби.

– Нормално дека e добро што има такви средби. Јас мислам дека треба почесто да има такви средби меѓу претседателите на сите политички партии – изјави Гаши.

Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори, Гаши рече дека живееме во демокрaтски систем и ако 61 пратеник одлучат да одиме на избори и се распушти Собранието, нормално дека ќе се оди на избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.