Гаши: Платата на наставниците да биде иста со онаа на пратениците

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, изјави пред граѓаните на Топанско Поле дека коалицијата со Алијансата за Албанците ќе биде максимално посветена да се грижи за лицата со посебни потреби. Исто така и за подобра позиција за жените во општеството. Тој додаде дека инвестирањето во образованието е еден од столбовите на предизборната програма.

„И со подобрувањето на условите за наставниците и учениците, многу важно и неопходно е и зголемувањето на платите на наставниците. Иако во нашата програма наведовме дека платата треба да се зголеми за 20 отсто, вечерва ви ветувам дека максимално ќе се заложиме платата на наставникот да биде колку платата на еден пратеник бидејќи тие ги воспитуваат нашите деца“, порача Гаши.