Гаши по последната рунда преговори со Заев: Имаме напредок, следат консултации во партиите

Можеме да ви кажеме дека имаме напрадок, следуваат консултации во нашите партии, изјави во средата вечерта лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, по средбата со премиерот во оставка Зоран Заев.

Четиричасовната средба на Гаши и Заев, што се одржа во Клубот на пратениците, беше продолжение на преговорите за вклучување на Алтернатива во Владата и парламентарното мнозинство.