Гаши негира дека му е понудено да биде министер за образование

Лидерот на едното крило на Дижењето БЕСА, Африм Гаши, во чија група се тројца пратеници, за порталот Либертас во понеделникот вечерта изјави дека не била очна информацијата на ТВ21 според којашто тој добил понуда неговото крило да влезе во владата на Зоран Заев, а тој да биде министер за образование.

„Ние водиме разговори со премиерот Заев и тоа не е тајна, но во разговорите не сме дошле до тоа да добиеме ресор и јас да бидам министер за образование“, рекол за Либертас, Гаши.

„Рано е за тоа, а во нашата партија има расположение да партиципираме со тројца пратеници во Владата“, додал.

Спротиставеното крило на БЕСА, предводено од Билал Касами, има двајца пратеници. Поделбата на ова движење на Скопско и на Тетовско ќе добие и судска разрешница. Основниот суд Скопје донесе пресуда во корист на Билал Касами, а крилото на Гаши ја обжали.

ТВ21 објави дека според неофицијалнио информации фракцијата од тројца пратеници на Движење БЕСА, добила понуда Африм Гаши да застане на чело на Министерството за образование. Од внатрепартиски извор на ДПА, пак, се дознава дека Бардил Даути може да застане на позицијата вицепремиер во Министерството за спроведување на реформите.

Засега ниедна од овие партии не ги потврдија информациите и остануваат без одговор сѐ додека предлозите не бидат изнесени пред централните раководства и не бидат потврдени во владиниот кабинет.

Претходно во неделата на прес-конференција во Владата, премиерот Зоран Заев истакна дека понудите се испратени и чека деновиве да се финализира договорот за реконструкција на Владата, откако потврди дека во саботата вечерта имал средби со ДПА, и со двете фракции на Движењето БЕСА . Заев притоа додаде дека преговорите за зголемување на парламентарното мнозинство ќе продолжат со малите политички партии, кои сакаат да се приклучат и кои за неколку дена ќе ја имаат понудата.

Веднаш потоа од фракцијата на Движењето БЕСА предводена од Биљал Касами, изјавија дека  програмскиот дел бил усогласен со владината програма и дека останувало само да се финализира кадровскиот аспект. До крајот на неделава очекуваат партиските органи да донесат конечна одлука за учеството на Движењето Беса во Влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.