Гасоводот Северен тек 2 со основањето филијала во Германија поблиску до дозволата

Операторот на гасоводот Северен тек 2, компанијата „Nord Stream 2 AG“ ја основаше својата германска подружница „Gas for Europe GmbH“ којашто ќе биде сопственик и оператор на германскиот дел од гасоводот и со тоа го исполни главното барања за добивање на дозволата во Германија.

Германската Федерална мрежна агенција во ноември ја запре постапката за издавање дозвола, повикувајќи се на германскиот закон според кој операторот на гасоводот мора да биде германска компанија, бидејќи седиштето на „Nord Stream 2 AG“ беше во Швајцарија.

Седиштето на германската филијала ќе биде во Шверин, а за директор на „Gas for Europe GmbH“ е именуван правникот Рајнхард Онтид, инаку именуван на оваа позиција уште на 22-ри декември 2021 година. Во објавата се наведува дека Онтид има долга кариера во гасниот сектор почнувајќи во компанијата „ Ruhrgas“, а потоа 20 години работел на водечките позиции во компанијата „.ON Group“ на долгорочни договори и проектен менаџмент.

„Компанијата Nord Stream 2 AG ја основаше германската подржница Gas for Europe GmbH. Новата компанија ќе буде сопственик и оператор на 54-километарскиот дел од гасоводот Северен тек 2 во германските теруторијали води и копнениот дел во градот Лубмин како независен оператор на тренспортниот систем согласно германскиот Закон за енергетика“, се истакнува во соопштението.

Со Северен тек 2 треба да се удвојат руските испораки на гас во Европа на вкупно 110 милијарди кубни метри, а изградата ја финансираше концернот кој го сочинуваат руски „Газпром“ и неговите европски партнери австриски OMV, француски ENGIE, британски „Shell“ и германските „Uniper“ и „Wintershall DА“.

На веб-страницата на „ Gas for Europe“ во средата е објавено и дека компанијата има намера да даде „кредибилен придонес за енергетската безбедност на Европа и осигурување на енергетскиот транзит во Германија“.

САД се спротиставуваа тврдејќи дека наводно ќе ја зголеми зависноста на Европа од руската енергија, но Германија одговори дека американските чекори во насока да го стопира проектот е со цела да се натераат европските корисници да го купуваат американскиот течен гас (LNG) за кој е потребна скапа инфраструкура која во моментов е недоволна во Европа како и самата повисока цена на таквиот гас.

На сиромашната Украина, пак, многу ѝ се потребни средствата во милијарди евра кои досега ги добиваше од транзитот на рускиот гас кон Европа, што сега би требало да бидат надоместувани од посебен фонд кој Германија се обврза да го основа по последната посета на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел на Вашингтон и договорот со американскиот претседател Џо Бајден.

Завршните работи на гасоводот беа пролонгирани поради серијата американски санкции, но Европа есенва се соочи со недостиг од гас затоа што летово ги продаде своите резерви на поскапите јужноамеракански и азиски пазари, како и поради поголемата побарувачка на стопанството кое закрепнува од коронакризата.

 

За Северен тек 2

Проектот Северен тек 2 вклучува изградба на две гасоводни лини со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно од руското крајбрежје преку Балтичкото Море до Германија. Новиот гасовод, според планот, требаше да биде доизграден во текот на 2019 година. Тој минува низ територијалните или екслузивни економски поморски води на земјите лоцирани долж бреговите на Балтичкото Море: Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија.

Единствениот акционер на „Nord Stream 2 AG“ беше Газпром. Претходно беше планирано Газпром во заедничкиот проект Северен тек 2 во компанијата којашто би го реализирала проектот да има 50 отсто удел, додека остатокот од по 10 отсто да им припадне на компаниите „Uniper“ (поранешен E.ON), BASF/Wintershall, Shell, OMV и ENGIE. Меѓутоа, своевремено партнерите се откажаа откако се појавија проблемите со полската агенција за антимонопол.

Европските партнери, пак, од своја страна ветија дека ќе го финансираат „Северен тек 2“ со вкупно 50 отсто, односно секој со по 950 милиони евра. Газпром, ја обебеди другата половина од средствата во износ од 4,75 милијарди евра. Истовремено, компаниите учеснички во проектот планираат 70 отсто од инвестициите да ги покријат со привлекување ткн проектно финансирање. Вкупните трошоци за проектот се проценуваат на сума од 9,5 милијарди евра.

Против овој проект, со кој се удвојуваат испораките на руски гас во Германија и на европскиот пазар, во прв ред се изјасни Украина којашто страва дека ќе загуби досегашните приходи од транзитот на рускиот енергенс преку нејзината територија. Се противат, исто така, и земјите од Балтикот, како Полска, Латвија и Литванија, кои сметаат дека ќе треба да плаќаат поскап природен гас, како и САД. Вашингтон повторено предупредува или се заканува, посебно на Берлин за тоа дека со развојот на проектот „Северен тек 2“ наводно ќе ја зголеми енергетската и безбедносна зависност од Москва, на што германската страна повеќепати одговори дека САД сакаат да ги промовираат извозот на својот течен гас (LNG) во ЕУ, за што е потребно градење скапа инфраструктура.