„Гаспром“ со нов ултиматум до Украина

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“  до 9 јуни го одложил ултиматумот за Украина за однапред плаќање на гасот, откако примил дел од исплатата од 786 милиони долари.

„Украина го плати првиот дел од испораката на гас, 786 милиони долари легнаа на наша сметка. Го поздравуваме потегот на Киев и го одложуваме почетокот на исплатата однапред до 9 јуни“, изјавил извршниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер.

Од Руското министерство за енергетика денеска потврдиле дека примиле 786,4 милиони долари од украинската компанија „Нафтогас“, додавајќи дека се работи за плаќања за февруари и март.

Вкупниот украински долг за гас би надминал 5,2 милијарди долари до 7 јуни, доколку Киев не го уплател првиот дел од долгот. Украина сака да обезбеди повластена цена од 268,5 долари за 1.000 кубни метри гас, додека Москва инсистира на цена од 485 долари, највисока цена која ја наплаќа од некој  клиент.

Четвртата рунда преговори помеѓу ЕУ, Москва и Киев, ќе се оддржи доцна денеска во Брисел