Гатузо може да го предводи Наполи наместо Анчелоти

Џенаро Гатузо би можел да стане нов главен тренер на Наполи, јавуваат италијанските медиуми. Во овој случај, тој ќе го замени Карло Анчелоти.

Според „Скај спорт Италија“, Анчелоти дефинитивно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Можно е тој да замине порано. Главниот кандидат за негова замена е Гатузо. Се посочува дека спортскиот директор на Наполи преговара со него за да открие дали е подготвен да го предводи тимот на крајот на сезоната или дури и порано.

Исто така беше објавено дека за Гатузо е заинтересирана и Фиорентина.

Четириесет и едногодишниот Гатузо поднесе оставка на функцијата тренер на Милан на крајот на минатата сезона. Под негово водство екипата го освои петтото место и не успеа да влезе во Лигата на шампионите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.