Гатузо нов тренер на Елмаз во Наполи

Џенаро Гатузо од вечерва е нов тренер на Наполи, објави на својот Твитер клубот од Неапол.

Гатузо на тренерската функција го наследува Карло Анчелоти кој вчеравечер доби отказ.

Вчера Наполи го совлада Генк (4-0) во Лигата на шампионите и избори осминафинале во елитното натпреварување.

Претходно, 41-годишниот Гатузо беше преводник на Сион, Палермо, ОФИ, Пиза и Милан со кого минатата сезона го освои петтото место во Серија А и не се пласира во Лигата на шампионите.