Газда на кафеана во Дебар маало нападнат со тупаници и електрошокови

Поради спор околу плаќање сметка, во саботата вечета две лица упаднале во угорстителски објект во Дебар маало и го претепале 59-годишниот сопственик, а еден од напаѓачите пријавил дека веднаш потоа бил претепан.

Oколу 21,20 часот во СВР-Скопје, 59-годишниот М.В. пријавил дека истиот ден околу 20,30 часот во угостителски објект во Дебар ,аало, кој бил во негова сопственост, дошлe 33-годишниот Љ.С. и десет години помладиот Д.С.и физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа почналe да му упатуваат закани.

Во еден момент еден од напашачите почнал да го удира со електро-шокер и да му пушта струја, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило во пределот на целото тело. Истовремено, според пријавата, напаѓачите почнале да кршат чаши и шишиња, како и дел од инвентарот во локалот во присуство на гости.

Причина за физичкиот напад било несогласување околу плаќање сметка во локалот, а од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се работи на расчистување на случајот.

Поврзано со овој инцидент, истовремено Љ.С. пријавил во СВР Скопје дека истиот ден околу 20,45 часот пред угостителскиот објект во Дебар маало бил физички нападнат од страна на 29-годишниот Р.М. и 35-годишниот А.А., кои го удирале со клоци и тупаници во пределот на главата, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.