Газдите на фирмите злоупотребиле 10 милиони евра државни пари

Сопствениците на компании од државната помош за исплата на минималец за работниците, не украле 2, туку 10 милиони евра, објави Телма.

Се сумираат бројките и списокот со имињата на компаниите, кои денеска треба јавно да се објават, а меѓу нив има и еден медиум.

Управата за јавни приходи првично објави дека 4.500 компании злоупотребиле над 2 милиони евра.

Генералниот секретаријат ќе бара од Обвинителството кривично да ги гони газдите.