Гази Баба и Аеродром имаат над 1.400 активни коронавирус случаи

62

Од новорегистрираните 1.182 случаи заразени со коронавирус во изминатото деноноќие во земјава, најмногу – 544 се во Скопје. Со тоа, бројот на активни случаи во главниот град изнесува 9.854 лица, од вкупно 20.485 на територија на целата држава.

Од општините, најмногу случаи има во Гази Баба – 1.462 и во Аеродром -1.433, по што следуваат: Карпош – 1.211, Кисела Вода – 1.207, Центар – 1.188, Ѓорче Петров – 811, Чаир – 621, Бутел – 539, Илинден – 246, Шуто Оризари – 179, Сарај – 148, Петровец –124, Чучер Сандево – 103, Зелениково -68, Сопиште – 62, Студеничани – 51, Арачиново -36… Исто така 174 од заразените се странци, а 191 лице не се распределни по општини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.