„Газпром“ ќе ја обжали казната на полскиот антимонополски регулатор за Северен тек 2

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ има намера пред судот да ја обжали глобата што му ја наметна полската Управа за заштита на конкуренцијата и протрошувачите (UOKiK) поради одбивањето на компанијата да му ги достави на регулаторот податоците за Северен тек 2, соопшти во понеделникот за медиумите службата за односи со јавноста на гасниот концерн.

„На почетокот од годината баравме од Газпром да ни ги достави договорите кои неговата подружница ги склучика со други компании кои ја финансираат градбата на Северен тек 2. Компанијата не ни достави такви податоци. Мислам дека тоа намерно го прави, чија цел беше да се опструира постапката коај е во тек“, изјави директорот на UOKiK во соопштението во понделникот претпладнето.

Висината на казната којашто претходно во понеделникот ја одреди полскиот регуалтор изнесува 213 милиони злоти, односно 57 милиони американски долари. Причината за казната е одбивањето на „Газпром“ да ѝ ги достави на UOKiK информациите за договороте склучени меѓу „Nord Stream 2 AG“, компанија ќерка на „Газпром“ и оператор на гасоводот Северен тек 2, со европските компании кои го финансираат градењето на гасоводот. Според шефот на полскиот регулатор, Томаш Хрусни, ова е максимална казна за одбивање да се обезбедат информациите кои ги бара UOKiK.

„Откако ќе биде детално проучена официјалната одлука на UOKiK, водството на Газпром ќе преземе мерки за заштита на своите интереси, вклучително и вложување жалба пред судот, каде што UOKiK ќе мора да ја докаже одржливоста на нејзината позиција. Во случај на судско обжалување на казната, таа нема да биде предмет на наплата до стапувањето на сила на соодветната одлука на судот“, изјавуваат од „Газпром“.

„Важно е да се истакне дека информациите коишто ги побара полската антимонополска управа немаат никаква врска со предметот на антимонополската истрага“, исткануваат од руската компанија додавајќи дека од UOKiK барала да даде оправдивање за легитимноста на барањето за соодветните информации, но таква информација не добиле.

Во ноември 2019 година со оправдување дека „неосновано одбила“ да ги достави бараните документи од договорите со „Газпром“, полскиот регулатор ја казни француската компанија „Engie“ со 40 милиони евра.

Во мај 2018 година полската UOKiK иницираше истрага против „Газпром“ и нејзините пет европски парнерти во градењето на гасоводот Северен тек 2: австриската компанија OMV, фирмата ќерка на BASF – „Wintershall“, англиско-холандската компанија „Shell“, германската „Uniper“ и француската „Engie“, по што поднесе обвинение за кршење полските антимонополски закони за финансирање на проектот. Според регулаторот, „Газпром“ склучил финансиски договори со овие компании без претходна согласност на UOKiK, што можело да резултира со ограничување на конкуренцијата.

Полскиот антомонополски регулатор, исто така, попречува „Газпром“ и неговите западноевропски партнери да создадат единствена компанија оператор со гасоводот Северен тек 2. Тогаш партнерите во проектот започнаа со финансирањето не преку заеднички вложувања, туку преку заеми. Поради тоа, проектот е управуван преку подружницата на „Газпром“ – „Nord Stream 2 AG“, а европските компании го финансираат гррадење на гасоводот како доверители.

Ваквата одлука на полскиот регулатор беше очекувана, бидејќи Варшава заедно со балтичките земји поддржани од САД настојуваат да го опструираат градењето на рускиот гасовод со кој во Германија ќе се удвојат испораките на рускиот природен гас. Вашингтон притоа наметна санкции кои го забавија довршувањето на проектот, но „Газпром“ порача дека е цврсто решен да го доврши Северне тек 2, бидејќи најмалку 93 отсто од постројката се веќе завршени.

Рускиот енергетски гигант, притоа, испорачува поголем дел од гасот кој се троши во Полска, чијашто државана енергетска компанија PGNiG често се жали дека го плаќа рускиот гас повеќе отколку другите европски држави, што „Газпром“ повеќепати го негираше. Во јули „Газпром“ на PGNiG ѝ плати 1,6 милијарди долари затоа што полската компанија го доби судскиот спорт во врска со цените, по што челниците на PGNiG рече дека односите на Полска со „Газпром“ сега „стануваа нормални“. Сега, пак, стравувањата на Варшава се дека по стартувањето на Северен тек 2 на Германија уште поскапи ќе ѝ го плаќа гасот.