Газпром изградил околу 37 отсто од гасоводот Северен тек 2

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ поставил на дното од Балтичкото Море 915 километри цевковод од Северн тек 2, што претставува околу 37 отсто од вкупната должина на гасоводот, соопшти во понеделникот компанијата.

„Во моментов, по дното на Балтичкото Море се поставени 915 километри цевки од гасоводот Северен тек 2, што е околу 37 проценти од вкупната должина на двојниот цевковод. Поставување од морскиот дел од гасоводот Северен тек 2 се одвива строго во согласност со распоредот“, се наведува во соопштението.

Проектот Северен тек 2 вклучува изградба на две гасоводни лини со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно од руското крајбрежје преку Балтичкото Море до Германија. Новиот гасовод, според планот, треба да биде доизграден во текот на 2019 година. Тој ќе минува низ територијалните или екслузивни економски поморски води на земјите лоцирани долж бреговите на Балтичкото Море: Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија. Од споменатите земји, компанијата „Nord Stream 2 AG“ треба да обезбеди дозвола за градење само уште од Данска.

Единствениот акционер на „Nord Stream 2 AG“ е Газпром. Претходно беше планирано Газпромсе во заедничкиот проект Северен тек 2 во компанијата којашто би го реализирала проектот да има 50 отсто удел, додека остатокот од по 10 отсто да им припадне на компаниите „Uniper“ (поранешен E.ON), BASF/Wintershall, Shell, OMV и ENGIE. Меѓутоа, партнерите се откажаа откако се појавија проблемите со полската агенција за антимонопол.

Европските партнери, пак, од своја страна ветија дека ќе го финансираат Северен тек 2 со вкупно 50 отсто, односно ссекој со по 950 милиони евра. Газпро, ќе ја обебеди другата половина од средаствата во износ од 4,75 милијарди евра. Истовремено, компаниите учеснички во проектот планираат 70 отсто од инвестициите да ги покрија со провлекување ткн проектно финансирање. Вкупните трошоци за проектот се проценуваат на сума од 9,5 милијарди евра.

Против овој проект, со кој се удвојуваат испораките на руски гас во Германија и на европскиот пазар, во прв ред се изјасни Украина којашто страва дека ќе загуби досегашните приходи од транзитот на рускиот енергенс преку нејзината територија. Се противат, исто така, и земјите од Балтикот, како Полска, Латвија и Литванија, кои сметаат дека ќе треба да плаќаат поскап природен гас, како и САД. Вашингтон повторени предупредува или се заканува, посебно на Берлин за тоа дека со развојот на проектот Северен тек 2 наводно ќе ја зголеми енергетската и безбедносна зависност од Москва, на што германската страна повеќепати одговори дека САД сакаат да ги промовираат извозот на својот течен гас (LNG) во ЕУ, за што е потребно градење скапа инфраструктура.