„Газпром“ не резервирал дополнителни капацитети за транзит на гасот низ Украина

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ на аукцијата за ноември во понеделникот не резервирал дополнителни капацитети за транзит на рускиот природен гас низ Украина, јавија руските медиуми.

Операторот со украинскиот транспортен систем за гас во понеделникот на аукцијата ги понуди транзитните капацитети за ноември во износ од 9,8 милиои кумни метри гас дневно низ дистрибуциската станица Суџа и до 5,2 милиони кубни метри дневно низ станивата Сохрановка. Меѓутоа, според резултатите од аукцијата, за овие капацитети немало побарувачка.

Наддавањето се одвивало за капацитетите покрај резервациите засновани на долгорочниот договор меѓу Русија и Украина за 40 милијарди кубни метри годишно, односно околу 109,5 милиони кубни метри гас дневно.

Во октомври „Газпром“, исто така, не резервираше дополнителни капацитети за транзит на гасот низ Украина, а во септември резервирал само 4,3 отсто од понудените капацитети.

Покрај тоа, „Газпром“ за ноември резервирал само 31,4 милиони кубни метри гас дневно од 89 милиони кубни метри гас понудени на акцијата за гасоводот „Јамал – Европа“ низ Полска, односно третина од капацитетот. Овој гасовод минува низ Русија, Белорусија, Полска и Германија. Проектираниот капацитетот му е 32,9 милијарди куни метри гас годишно.

Во декември 2019 година Москва и Киев договорија продолжување на транзитот на рускиот гас преку украинската територија за периодот од 2020 до 2024 година, со можност за продолжување на договорот за уште 10 години. Со договорот е предвиден транзит од 65 милијарди кубни метри гас во 2020 година и 40 милијарди кубни метри од 2021 до 2024 година.

Транзитниот аранжман е склучен по принципот „пумпај или плати“, односно транзитната такса се напатува во износот на резервираниот капацитет, дуру и доколку се покаже дека вистинските количества се помали.

Транзитот на рускиот гас во Европа преку украинскиот транспортен систем минатата 2020 година изнесувал 55,8 милијарди кубни метри гас, што е најмалку во последните 30 години. Преседателот на управата на украинската гасна компанија „Нафтагаз“, Јуријј Вотренко, изјави дека дневните количества на гасот кои се пумпаат низ украинската територија се преполовиле од почетокот на годинава.