„Газпром“ објави дека е прекинато истекувањето на гас од „Северен поток“

Руската компанија „Газпром“ денеска соопшти дека притисокот во гасоводите „Северен поток“ е стабилизиран и оти престанало истекувањето гас од оштетените места на гасоводите.

„Притисокот во цевководот А на ’Северен поток 2’ и во двата цевководи на ’Северен поток 1’ се стабилизирани по прекинот, истекувањето гас престана“, соопшти „Газпром“.

„Газпром“ соопшти дека работи на намалување на притисокот на цевководот Б од гасоводот „Северен поток 2“.

Руската компанија исто така изјави дека работи на намалување на ризикот за животната средина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.