Газпром прекина да испорачува природен гас за Финска

Рускиот енергетски гигант Газпром потврди дека целосно ја прекинува испорака на природен гас во Финска, откако финската компанија Гасум не плати во рубљи за претходните испораки, се вели во соопштението на руската компанија во саботата.

„Гаспром го прекина дотурот на гас за Гасум (Финска) поради неуспехот да плати за испораката на гас во рубли“, се вели во соопштението.

„До крајот на работниот ден на 20 мај, Гаспром Експорт не доби исплата од Гасум за испорака на гас во април во согласност со наредбата на рускиот претседател“.

Руската компанија изјави и дека испорачала 1,49 милијарди кубни метри природен гас во Финска во 2021 година, што изнесува 67% од вкупниот волумен на испорачаниот природен гас за оваа земја минатата година.

Финската државна компанија за гас Гасгрид Финска објави дека е прекината испораката на руски природен гас во земјата.

„Испораките на гас преку влезната точка Иматра беа прекинати на 21 мај 2022 година“, се вели во соопштението на финската компанија.

„Количината на гас што му е потребна на финскиот пазар на гас се увезува во финскиот гасовод преку влезната точка на Balticconnector во согласност со номинациите направени од пазарните страни“, се вели во соопштението.

Финската компанија Гасум во соопштение претходно оваа недела рече дека не го прифаќа барањето на Гаспром експорт да се префрли на плаќања во рубља и, следствено, нема да врши плаќања во рубли или според предложениот аранжман за плаќање на Гаспром Експорт.

Руската компанија Гаспром Експорт во петокот објави дека Гасум исто така не платил за испораките на природен гас во април.

Рускиот претседател Владимир Путин на 23 март нареди дека непријателските држави мора да плаќаат за рускиот гас во рубљи, велејќи дека Москва ќе одбие да прифати плаќања според договорите за гас со тие држави во „компромитирани“ валути, особено во долари и евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.