„Газпром“ во саботата ги запира испораките на гас за Финска

Рускиот гасен гигант „Газпром“ ја известил во петокот Финска дека ќе го запре дотокот на природен гас од саботата наутро поради одбивањето да се плаќа во рубљи, извести финската државна гасна компанија „Gasum“.

„Газпром Експорт го извести Gasum во петокот 20-ти мај попладнето дека испораките на природен гас за Динска по договор со Gasum ќе бидат прекинати во сабота 21-ви мај во 7 часот утрото по локално време“. Соопшто финската компанија.

Во соопштението на „Gasum“ се наведува дека компанијата ќе продолжи да ги снабдува финските потрошувачи со гас од други извори преку гасоводот „Balticconnector“.

„Внимателно се подготвувавме за оваа ситуација и обезбедивме да нема нарушување во мрежата за транспорт на гасот, ќе можеме да ги снабдуваме своите купивачи со гас во наредните месеци“, изјави директорот на „Gasum“, Мика Вилјанен.

Додаде и дека е „жално што снабдувањето со гас која е според договот ќе биде запрено“. Но неговата компанија уште во средата предупреди дека „Газпром“ може да ги прекине испораките поради одбивањето на „Gasum“ да плаќа во рубљи.

Иако најголемиот дел од гасот кој го користи Финска доаѓа од Русија, гасот сочинува само 5 отсто од годишната енергетска потрошивачка во земјата. Минатата седмица Финска, исто така, поради неплаќање остана и без испораките на електрична енергија од Русија. Русија досега обезбедуваше околу 10 отсто од потребите за струја на Финска.

Финскиот нуклеарен реактор Олкилуито 3 по долго одложување во средината на март започна со пробно производство, а се очекува дека со времето ќе ја намали потребата на оваа нордиска земја за увоз од електрична енергија и ќе доведе до пониски цени на струјата. Реакторот од 1,6 гигавати (GW) требаше да биде ставен во функција уште во 2009 година, но го следеа технолошки проблеми кои станаа предмет на тужби.

Станува збор за првата нуклеарна централа во Финска по повеќе од четири децени и првата во Европа по речиси 15 години.